Хамфри Богарт
Изглед
Хамфри Богарт | |
---|---|
Хемфри Богарт додека играше улога на Суспенс (радио драма). 1945 година | |
Роден(а) | Хамфри ДеФорест Богарт |
Сопружник | Лорен Бекол (21 мај 1945 - 14 јануари 1957) (неговата смрт) 1 син, 1 ќерка Мајо Метот (21 август 1938 - 10 мај 1945) (разведен) Мери Филипс (3 април 1928 - 1938) (разведен) Хелен Менкен (20 мај 1926 - 18 ноември 1927) (разведен) |
Хамфри Богарт (англ. Humphrey Bogart) е американски филмски глумец, популарен со своите улоги на гангстери и цврсти момци[1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Њујорк, каде и ја започнува својата глумечка кариера[2].
Кариера
[уреди | уреди извор]Првиот позначаен успех го постигнал со филмот Престрашената шума (1936), каде го портретира гангстерот Дјук Манти, улога која две години претходно ја играл и на Бродвеј. Богарт во текот на својата кариера играл во повеќе од 70 филмови, меѓу кои особено се истакнуваат:
- Малтешкиот сокол (1941),
- Казабланка (1942),
- Да се има и да се нема (1944),
- Големиот сон (1946),
- Богатството на Сиера Мадре (1948),
- Ки Ларго (1948),
- Чукни на некоја врата (1949),
- Во осамено место (1950),
- Африканската кралица (1951)
- Удри го ѓаволот (1953)
- Сабрина (1954),
- Каиновиот бунт (1954),
- Очајни часови (1955).
Во 1951 година, Богарт го добил единствениот „Оскар“ за улогата на вулгарниот рибар во „Африканската кралица“. Тој бил прогласен за најголемата филмска ѕвезда во историјата според АФИ 100 години... 100 ѕвезди.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „AFI'S 100 Years...100 Stars: AFI's 50 Greatest American Screen Legends“. American Film Institute. Архивирано од изворникот на October 10, 2018. Посетено на March 15, 2019.
- ↑ „Humphrey Bogart“. Архивирано од изворникот на 2021-01-26. Посетено на 2021-02-04.
- ↑ Humphrey Bogart Biography
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Хамфри Богарт“ на Ризницата ? |
- Хамфри Богарт на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Хамфри Богарт — профил и партии на ChessGames.com (англиски)