Прејди на содржината

5 октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија

5 октомври — 278-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (279-и во престапна година). Остануваат 87 денови до крајот на годината.

Настани:

1502  На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка.
1582  Според предлозите на комисија од врвни астрономи, папата Григориј XIII извршил реформа на јулијанскиот календар поради разликата во траењето на календарската (јулијанска) и природната година. Поради тоа, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија деновите од 5. до 14 октомври во 1582. година се прескокнати.
1864  Индискиот град Калкута е скоро целосно уништен од циклон; 60.000 жртви.
1910  Португалија ја отфрла монархијата и се прогласува за република.
1912  Потписничките на Балканскиот сојуз — Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција — ѝ предадоа ултимативна нота на Турција, по што почна Првата балканска војна.
1915  Бугарија влегува во Првата светска војна како една од Централните сили.
1962  Во Велика Британија е прикажан првиот филм со Џејмс Бонд — „Д-р Но“.
1991  Издадена е првата официјална верзија на Линуксово јадро, верзија 0.02.
1994  Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од бродот „Титаник“, што потона пред 82 години. Изложбата „Остатоците од Титаник“ поставена во Националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година.
1995  Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија.
1997  Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Македонски во срцето на средоземниот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е.
2007  На Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 25.000 посетители, македонската музичка суперѕвезда Тоше Проески го одржува својот последен концерт; концертот е од хуманитарен карактер и е наменет за обнова на основните училишта во земјата.

Родени:

1695  Џон Гласшкотски министер.
1703  Џонатан Едвардсамерикански свештеник.
1820  Дејвид Вилбер — американски политичар.
1901  Џон Алтон — американски кинематограф.
1907  Рагнар Нурске — естонски економист.
1908  Џошуа Логан — американски филмски режисер и писател.
1925  Бил Диксон — американски џез-музичар.
1930  Павел Попович — советски космонаут.
1936  Вацлав Хавел — чешки писател и политичар.
1940  Милена Дравиќ — српска театарска и филмска глумица.
1951  Боб Гелдоф — ирски рок-музичар.
1960  Карека — бразилски фудбалер.
1966  Инеса Кравец — украинска атлетичарка.
1971  Маурисио Пелегрино — аргентински фудбалер и тренер.
1976  Никола Рицоли — италијански фудбалски судија.
1975  Кејт Винслетанглиска глумица.
1986  Руј Кошта — португалски велосипедист.
1986  Никита Курбанов — руски кошаркар.
1989  Даниеле Рато — италијански велосипедист.

Починале:

1565  Лодовико Ферарииталијански математичар
1606  Филип Депортфранцуски поет
1880  Жак Офенбах — француски композитор од германско потекло кој се смета за „татко на операта“. Негови најзначајни остварувања се оперетитеУбавата Елена“ и фантастичната опера „Хофмановите приказни“.
1926  Мари Јасаи — унгарска глумица.
1933  Рене Адоре — француска глумица.
1934  Жан Виго — француски режисер.
1957  Хосе Леандро Андраде — уругвајски фудбалер.
1986  Мајк Бургман — австралиски тркач.

Празници:

  Светски ден на учителите