Науру на Олимписките игри
Науру на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
Науру првпат се натпреварува на Летните олимписки игри во 1996 година во Атланта. Земјата с учествувала и на игрите во Сиднеј во 2000 година, Атина во 2004 година, Пекинг во 2008 и Лондон во 2012 година.[1]
НАцијата најмногу е позната по традицијата на кревање тегови и сите седум натпреварувачи кои се натпреварувале за Науру на олимписките игри пред 2002 година биле кревачи на тегови.[1]
Науру е земја со најмал број на население меѓу 202-те земји учеснички во МОК.
Под водството на Хон. Винсон Детенамо, олимпиското движење започнало во науру во почетокот на 1990-ите. Олимпискиот комитет бил воспоставен во 1991 година и преговорите со МОК Започнале истата година. Во мај 1994 година Науру ја претставиле својата молба за прием пред МОК и во септември 19994 година оваа држава била примена со што се овозможило нивното учество на игрите во 1996 година.
1996 година не е годината кога за првпат науру учествувала на олимписките игри. По неговоата голема победа на Комонвелтските игри во 1990 година, кревачот на тегови Маркус Стефан побарал државјанство од Самоа за да се натпреварува на игрите од 1992 година. Стефан повторно се натпреварувал на Олимписките игри во 1996 и 2000 година, но сега за неговата родна земја. Се пласирал 11-ти во категоријата 62 кг во 2000 година. Во 2009 година, тој го заменил Винсон Детенамо како претседател на Наурскиот национален олимписки комитет.[2]
Пол Кофа е тренерот на кревачите на тегови при Федерацијата за кревање тегови за Океанија и е тренер на наурската репрезентација за кревање тегови од 1994 година.
Науру на Летните олимписки игри | |||||
---|---|---|---|---|---|
Година | Спортисти | Златни | Сребрени | Бронзени | Вкупно |
1996 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 |
2000 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 |
2004 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 |
2008 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 |
2012 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Спортисти
[уреди | уреди извор]- Кревање тегови
- Маркус Стефан - 1996, 2000 (прв олимпиец)
- Квинси Детенамо - 1996
- Герард Гарабван - 1996
- Шива Пео - 2000 (прва жена олимпиец)
- Ријана Соломон - 2004
- Ите Детенамо - 2004, 2008, 2012
- Јукио Питер - 2004
- Џудо
- След Довабобо - 2012
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Nauru Архивирано на 8 септември 2016 г.. Olympics at Sports-Reference.com
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Nauru at the Olympics Архивирано на 11 јуни 2020 г., The Telegraph
- ↑ "Nauru president claims national Olympic committee ledaership", ABC Radio Australia, January 26, 2009