Сенегал има испратено спортисти на сите Летни олимписки игри одржани од 1964 година. За разлика од повечето соседни земји, Сенегал нема пропуштено ниту едни Летни олимписки игри од својата независност. Како учесници имаат освоено само еден олимписки медал, оној на Амаду Диа Ба, кој освоил сребрен медал натпреварувајќи се на 400 м со пречки во 1988 година. Сепак, Абдулај Сеје, кој ја претставувал Франција, освоил бронзен медал натпреварувајќи се на 200 м во 1960 година, само два месеци откако престанала да постои Малската Федерација добила независност и неколку дена подоцна Сенегал се одвоил од федерацијата.
Сенегал е дел од малата група на тропски земји кои учествувале на Зимските олимписки игри. Нивните зисмки спортисти имаат учествувано на пет Зимски олимписки игри започнувајќи од иугрите во 1984 година, иако никогаш немаат освоено медал. Сенегал бил претставуван на игрите во 1984, 1992 и 1994 од Ламин Гије, и во 2006 и 2010 од страна на Лејти Сек.