Мало тело во Сончевиот Систем
Мало тело во Сончевиот Систем — тело во Сончевиот Систем кој не е планета, џуџеста планета или природен сателит. Поимот првпат е дефиниран во 2006 г. од Меѓународниот астрономски сојуз.
Сите други објекти, освен сателитите, кои кружат околу Сонцето be referred to collectively as „мали тела во Сончевиот Систем“ ... Тука спаѓаат највеќето астероиди во Сончевиот Систем, највеќето заднептунци, комети и други мали тела.[1]
Под мали тела се подразбираат сите комети и сите мали планети освен оние што се џуџести планети. Така, малите тела во Сончевиот Систем се: класичните астероиди со исклучок на џуџестата планета Церера; тројанците; и кентаурите и заднептунците со исклучок на Плутон, Хаумеја, Макемаке, Ерида и други кои може да се испостави дека се џуџести планети.
Дефиниција
[уреди | уреди извор]Засега не е познато дали во иднина ќе биде одредена долна величинска граница за малите тела во Сончевиот Систем, и дали дефиницијата ќе го опфаќа сиот материјал до степен на метеороиди, кои се најмалите макроскопски тела што кружат околу Сонцето. (На микроскопско ниво постојат други објекти како меѓупланетарната прашина, честичките од сончевиот ветер и слободните честички на водородот.)
Освен најголемите, кои се во хидростатичка рамнотежа, природните сателити (месечини) се разликуваат од малите тела не по големината, туку по орбитата. Орбитите на природните сателити не се околу Сонцето, туку околу другите објекти во Сончевиот Систем како што се планетите, џуџестите планети и малите тела.
Некои од малите тела во Сончевиот Систем во иднина може да бидат прогласени за џуџести планети, во зависност од тоа дали ќе се утврди дека се во хидростатичка рамнотежа.
Орбитите на највеќето мали тела во Сончевиот Систем се сместени во две подрачја: астероидниот и Кајперовиот Појас. Овие две појаси имаат извесна внатрешна структура поврзана со растројувањата на големите планети (особено Јупитер и Нептун) и имаат прилично нереско одредени граници. Мали тела постојат и во други подрачја во Сончевиот Систем, но во помали концентрации. Тука спаѓаат близуземските астероиди, кентаурите, кометите и објектите од расеани дискови.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
|