Менхетн
Изглед
Manhattan | |
---|---|
Општина | |
Менхетн | |
Поглед од центарот на Менхетн кон нискиот дел на Менхетн | |
Локација во Њујорк (црвена боја) | |
Координати: 40°43′42″N 73°59′39″W / 40.72833° СГШ; 73.99417° ЗГД | |
Држава | САД |
Американска држава | Њујорк |
Округ | Њујорк |
Град | Њујорк |
Основан | 1624 |
Управа | |
• Вид | Округ |
• Претседател на округот | Гејл Бруер (D) — (Borough of Manhattan) |
Површина | |
• Вкупна | 870 км2 |
• Земјишна | 590 км2 |
• Вода | 280 км2 32% |
Население (2020) | |
• Вкупно | 1,694,250[1] |
• Густина | 28,8733/км2 |
Час. појас | EST (UTC-5) |
• Лето (ЛСВ) | EDT (UTC-4) |
Мреж. место | Manhattan Borough President |
Менхетн или Менхетен — се однесува на островот и на општината Менхетн, една од петте општини на Њујорк. Иако по население Менхетн е третата најголема општина од вкупно петте (по Бруклин и Квинс), таа е општината која има најмногу туристи и е најтесно поврзана со Њујорк.
Како комерцијален, финансиски и културен центар на градот, Менхетн има многу познати обележја, туристички атракции, музеи и универзитети. Тој е исто така дом на Обединетите Нации и седиште на градската влада. Историски, неговите комерцијални улици се окарактеризирани од илјадниците уникатни и најразлични продавници. Менхетн е најголемата централна бизнис област во Соединетите Држави и е местото каде се наоѓаат градските главни штабови, како и NYSE и NASDAQ.unicev
Менхетн како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Куќа на Менхетн“ — песна на руската поетеса Лидија Алексеева.[2]
- „Менхетн“ — американски филм, во режија на Вуди Ален.[3]
- „Мистеријата на убиството на Менхетн“ (англиски: Manhattan Murder Mystery) — американски филм од 1993 година, во режија на Вуди Ален.[4][5]
- „Облакодерите на Менхетн“ (Manhattan Skyline) — песна на американскиот музичар Дејвид Шаер (David Shire) од 1977 година.[6]
- „Менхетн“ (Manhattan) — песна на американскиот музичар Скот Вокер (Scott Walker) од 1995 година.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „2020 Census Urban Areas Facts (2020)“. United States Census Bureau. Посетено на January 12, 2024.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 224.
- ↑ Антена, бр. 803, 15.11.2013, стр. 10.
- ↑ IMBb, Manhattan Murder Mystery (1993) (пристапено на 13.12.2014)
- ↑ Manhattan Murder Mystery (1993), Awards (пристапено на 13.12.2014)
- ↑ Discogs, Various – Saturday Night Fever (The Original Movie Sound Track) (пристапено на 31.3.2019)
- ↑ Discogs, Scott Walker – Tilt (пристапено на 19.9.2018)
Оваа статија за место во САД е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|