Прејди на содржината

4 (албум на Бијонсе Ноулс)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„4“
Студиски албум од Бијонсе
Издаден24 јуни 2011
(видете историја на издавање)
Снимен2009-11
ЖанрР&Б, поп
Издавачка куќаColumbia, Sony
ПродуцентАнтонио Диксон, Бејбифејс, Брент Кутзле, Бијонсе Ноулс (доп.), Клаеб, Џеф Баскер, Џулијан Наполитано, Џенс Бергмарк, Кук Харел, Кање Вест, Каскејд, Лук Стил, Лос Да Мистро, Рајан Тедер, Ши Тејлор, Свич, Symbolyc One, The-Dream, Трики Стјуарт
Бијонсе — Хронологија
I Am... Sasha Fierce
(2008)
4
(2011)
Издадени песни од 4
  1. "Run the World (Girls)"
    Издадена: 21 април 2011
  2. "Best Thing I Never Had"
    Издадена: 1 јуни 2011

4 е четвртиот студиски албум на американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс. Албумот е закажан за издавање на 24 јуни 2011 преку Columbia Records. Албумот претставува првиот албум кој е издаден по делбата на Ноулс, професионално, од нејзиниот татко и менаџер, Метју Ноулс.

Првиот и водечки сингл од албумот, „Run the World (Girls)“ бил издаден на 21 април овозможен за дигитално спуштање. Издавањето на синглот било нарушено откако неуредена демо верзија била испратена на интернет на 18 април 2011. „Best Thing I Never Had“ бил издаден како втор сингл од албумот на 1 јуни 2011.

Во ноември 2010, Ноулс кажала дека почнала да работи на нејзиниот четврт албум и дека пишувала и продуцирала материјал следејќи го издавањето на I Am... Sasha Fierce во 2008, кое било инспирирано од нејзиното алтер его, Саша Фирс. Во февруари 2010 Ноулс кажала дека ја „убила“ Фирс „бидејќи пораснав и сега сум способна да ги спојам двете [личности]“.[1] Таа објаснила дека користела жива музика за да створи свој музички жанр. Подоцна рекла, „Добро, јас не би рекла дека измислувам некој нов жан. Јас мешам повеќе жанрови кои ги сакам и сум инспирирана со секој од нив...Не се ставам себеси во кутија. Не е Р&Б, не е типичен поп, не е рок - туку е сè што сакам помешано заедно“.[2] Ноулс кажала дека албумот е инспириран од повеќе музичари, вклучувајќи ги Фела Кути, The Stylistics, Лаурин Кил, Стиви Вондер и Мајкл Џексон.[2] Продуцентите Џим Џонсин и Не-Јо работеле со Ноулс на албумот. Не-Јо изјавил дека албумот излегувал добро, Ноулс одела во друга насока и создавала сопствен стил но не може да зборува повеќе, бидејќи „после албумот никој нема да ја омаловажува Бијонсе иако никој не го може тоа сега“.[3] Џонсин зборувал за планот да се создаде албум инспириран од електро музиката со тешки тапани од 1980-тите.[3] Во јануари 2011 продуцентот S1 потврдил преку Твитер дека тој придонесувал за албумот.[4] Шон Гарет го споменал својот придонес, изјавувајќи дека тој „работел со тешката [Ноулс]... таа ми е омилена“.[5] Тој го опишал стилот на музиката која тој ја продуцирал, „Мислам дека правиме многу брзи песни за овој албум. Таа има толку фобра позиција во својот живот што е заинтересирана за правење на музика за забави“.[6] На 24 јануари, Дипло изјавил дека снимал музика со Ноулс, Свич и Дерек Милер од Sleigh Bells.[7] Кристофер „Трики“ Стјуарт,[8] The-Dream[9] Бангладеш,[10] Родни „Даркчајлд“ Џеркинс,[11] Франк Оушн,[12] Кање Вест,[13] Q-Tip и Алја Џексон[14] исто така работеле со Ноулс на албумот. Шија[9] и Талај Рилеј[15] пишувале песни за албумот кои подоцна биле избрани.

Во февруари 2011 било изјавено дека проектот е пред завршување.[9] Ноулс снимила седумдесет и две песни за 4, што ја преполнило Columbia Records и тие морале да одберат определени работи кои ќе бидат одбрани за албумот.[16] Слушачка приватна забава била одржана на 11 мај 2011. Ноулс понудила преглед на пет песни од четвртиот албум како и официјалното музичко видео за „Run the World (Girls)“. Таа имала прилика да каже за концептот на албумот: „Сакав да направам нешто освежително и поразлично.Затоа помешав различни жанрови и црпев инспирација од турнеите, патувањата, следењето на рок бендовите и други фестивали… Бев како луд научник и ставав различни песни заедно.“[17] Ноулс подоцна имала интервју со Билборд и изјавила, „Имајќи време да растам како човечко суштество ме инспирирашњ и ми даде многу работи за овој нов албум...Се чувствувам како да знам која сум и како да не мора да се ставам себеси во кутија. Никој не може да ме дефинира. Можам само да имам забава и артистича слобода да правам што сакам.“[18]

Датумот на издавањето на албумот во САД бил откриен истиот ден кога се појавило музичкото видео за „Run the World (Girls)“.[19] На 31 мај 2011, OneRepublic потврдиле преку Твитер дека работеле на последната песна на албумот.[20] На 1 јуни 2011, Дијан Варен открила во интервју за PopWrap дека и таа придонела за албумот. Таа изјавила, „Пишував нешто една недела пред Бијонсе да започне со снимањето и мислам дека тоа е непто најдовто што сум го напишала досега. Таа го испеа одлично. Мислам дека тоа е песна за кариерата и наверојатно омилената работа која досега ја имам напишано... сега.“[21]

Концепт и омот

[уреди | уреди извор]

Кон завршувањето на албумот, Ноулс поднелс 72 песни на нејзината издавачка куќа за подготовката на издавањето на албумот.[22] Извор близок на куќата, изјавил „Тие не беа подготвени за обемноста на материјалот кој таа им го поднесе. Очигледно е многу продуктивна. Сега тие имаат тешка работа да одат низ сета музика и да одлучат што ќе направат.“[22]

Ноулс во интервју со Реј Роџер од Билборд изјавила дека влијанието за нсловот на албумот, 4 било од обожавателите. „Јас имав сосема друго име и концепт, но гледам дека обожавателите го сакаат името '4' и мислам дека би било многу добра работа нив да им се дозволи да му дадат име на албумот“.[23] Таа исто така кажала дека бројот четири бил „специјален“ за неа како нејзиниот роденден и годишнината од нејзиниот брак кои биле на четвртиот датум во месецот. Ноулс додала, „Роденденот на мојата мајка и на моите други пријатели е на четврти.“[23] Официјалниот омот на албумот бил прикажан на официјалната страница на Ноулс на 18 мај 2011, истиот ден кога бил изјавен официјалниот датум на издавање на „Run the World (Girls)“ и кога било прикажано музичкото видео.[24][25] На омотот, Ноулс е прикажана во впечатлива поза како гледа во далечината со темна шминка на очите, а рацете ѝ се собрани над нејзината глава со дебели златни ракави, покриени само со елек од крзно и додатоци од злато.[24][25] Омотот добил позитивни критики од критичарите. Изјавувајќи дека Ноулс е во „целосен промоционален работен режим“, Роби Дав од Idolator ја споредил позата на Ноулс со онаа на Ракел Велч, прашувајќи ги обожавателите „Дали сте подготвени за ова желе?“, цитирајќи ја „Bootylicious“ од Destiny's Child.[26] Џоклин Вена од MTV News ја опишала Ноулс дека изгледа „секси и подобрена“ на омотот.[24] Омотот за делукс изданието било прикажано на 16 јуни 2011 и на него е прикажана Ноулс која носи син/виолетов фустан држејќи ги рацете зад косата.[27]

Композиција

[уреди | уреди извор]

Таа останала инспирирана од Фела Кути и работела со бенд од бродвеј музиклот, Фела!.[28] Кога зборувала за нејзината инспирација од Кути, Ноулс изјавила дека го ценела неговото „чувство за душата и срцето на неговата музика; не е многу секси и има одличен ритам во кој се губите,“ изјавувајќи дека бил главната инспирација за 4 со тапаните и дувачките инструменти.[28] Албумот бил инспириран и од '90-тите Р&Б изведувачи, Earth, Wind & Fire, DeBarge, Лионел Ричи, Тина Мари со дополнителни влијанија од The Jackson 5, New Edition, Адел, Florence and the Machine и Prince.[28] Ноулс рекла дека додала неколку влијанија на хип-хопот за поширок звук. Таа додала дека си дала поголема дозвола за да ги направи песните и да го врати соул пеењето назад, изјавувајќи, „Јас користев многу смелост во мојот глас кој луѓето го слушаат за време на моите настапи во живо,но не и на моите снимки.“[28]

Пишувачот за музика Алексис Петридис забележал предоминанти 1980-ти-Р&Б влијанија и напишал „Почесто, 4 се враќа во Р&Б минатото.“[29] Ницух Адебе од Њујорк пишувал за ранливите теми на албумот, „начинот на кој пее за љубов-кој е да речеме, љубов како гроб и тежок животен избор бара премолчувана музика, големи песни, и повремена болка - значи пее за работите кои можат да прозвучат повеќе како слабост и зависност.“[30]

Издавање и промоција

[уреди | уреди извор]

Во мај 2011, било изјавено дека Ноулс ќе изведува песни од албумот на летните концертни серии GMA.[31] На 11 мај 2011, Ноулс одржала забава во Њујорк Сити каде претставила четири песни од албумот на одбрана група на обожаватели.[32] Ноулс за првпат ја промовирала „Run the World (Girls)“ на Surprise Oprah! A Farewell Spectacular во United Center во Чикаго на 17 мај 2011.[33] Шоуто било организирано во чест на дваесет и петтата и последна сезона на The Oprah Winfrey Show.[33] Ноулс исто така ја извела „Run the World“ во живо на Билборд Музичките Награди на 22 мај 2011, додека ја придружувале снимки од екранот зад неа како и танцувачка екипа.[34] Ноулс ја извела „1+1 “, првата песна од албумот во живо на финалето на Американски Идол.[35] Ја претставила „1+1“ како нејзина „омилена“ песна и ја испеала во виолетов фустан, придружена со црвени светла и чад околу неа.[35] Истиот ден, „1+1“ била овозможена за спуштање преку iTunes Store како промоционален сингл ексклузивно во САД.[36] На 7 јуни 2011, три недели пред официјалното издавање, 4 бил целосно испратен на интернет. Легалните репрезентативци на Ноулс испратиле предупредувања до нарушените мрежни места, а предвремено прикажаните песни биле поместени од таквите страници. Сепак, некои луѓе ги користеле профилите на Твитер и давале врски до музиката со што ѝ отежнувале на издавачката куќа во поместувањето на песните.[37] На 9 јуни 2011, Ноулс преку својот профил на фејсбук одговорила на тоа:

Мојата музика беше порана пуштена на интерне и додека ова не е мојот начин на претставување на новите песни, јас ги ценам позитивните одговори од моите обожаватели. Кога снимав музика размислував како моите обожаватели ќе играат и ќе пејат на секоја нота од албумот. Правам музика за да ги направам луѓето среќни и го ценам тоа што сите беа толку нетрпеливи за да ги слушнат моите нови песни.[38]

Ноулс се појавила на Entertainment Tonight на 16 јуни 2011 за да го промовира таргет делукс изданието на 4 и им прикажала преглед на телевизиската реклама на албумот.[39] Од 16 јуни до 27 јуни, секој ден на официјалната страница на Ноулс била прикажувана по една песна од албумот со слики и мисли на Ноулс за албумот.[40] Таа одржа мини турнеја во Франција, почнувајќи во Палаис Никаија во Ница на 20 јуни 2011; во Зенит, Лил на 22 јуни 2011; и во Галакси во Амневил на 23 јуни 2011.[41] Ноулс ќе има и деведесет-минутна изведба на Гластонберискиот фестивал на 26 јуни 2011 г.[42] Исто така ќе одржи изведба на T in the Park фестивалот во Шкотска на 9 јули 2011 и на Оксиџен Фестивалот во Ирска наредниот ден.[41]

Синглови

[уреди | уреди извор]

Run the World (Girls)“ бил издаден како водечки сингл на албумот на 21 април 2011.[43] Откако биле испратени делови од „Run the World (Girls)“ на 14 арпил, 2011,[44][45] целата песна била испратена неколку дена подоцна;[46] со што датумот на издавање на „Run the World (Girls)“ бил пореметен.[43] Музичкото видео за песната било снимано три дена со режисерот Франсис Лоренс, почнувајќи од 11 април 2011 и завршувајќи на 13 април 2011.[47] Видеото било премиерно покажано на 18 мај 2011 на Американски Идол.[48]

Best Thing I Never Had“ бил издаден како вториот сингл од албумот. Песната премиерно била прикажана на 1 јуни 2011 на радијата во САД[49] и била овозможена за дигитално спуштање истиот ден.[50]

Критички прием

[уреди | уреди извор]
 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
BBC Online (favorable)[51]
Chicago Sun-Times 3/4 ѕвездички[52]
Consequence of Sound 4.5/5 ѕвездички[53]
Entertainment Weekly (B)[54]
The Guardian 3/5 ѕвездички[29]
The Independent 2/5 ѕвездички[55]
New York (favorable)[30]
NOW (3/5)[56]
Slant Magazine 3.5/5 ѕвездички[57]

Ерик Хендерсон од Slant Magazine го опишал албумот како „предоминантно интимен, тежок со балади“ и „доминира со песни во средо темпо па сè до песни без темпо, кои, кога зборуваме за вокалната содржина, ѝ даваат доволно големо јаже за да се откаже или самата себеси или нејзините обожаватели“.[57] Томас Конер од Chicago Sun-Times ја споредил „суптилната и изненадната“ музика со таа на албумот од 2011 на Адел, 21 и напишал позитивно за „баладите во средно темпо, од кои повеќето користат сонична екпериментација благодарение на текстописци и продуценти кои однапред помислиле на тоа“ за албумот 4.[52] Ницуш Абебе од Њујорк го пофалил „новопоставеното расположение“ и „шармирачките“ балади, додавајќи дека „Таа прави одлична убедлива работа која [ранливоста] изгледа како форма на храброст“.[30] Метју Хортон од BBC Online изјавил помешан одговор за некои од песните, но веднаш ги пофалил „силните балади“ и напишал дека „Бијонсе преминува од флертувачка до кревка и чудесна и има одличен глас за време на тие изведби.“[51] Крис Коплан од Consequence of Sound верува дека албумот е „чиста поп екселенција“ и дека ќе „стои над сите други женски поп снимки од 2011“.[53]

Сепак, Анди Гила од The Independent ги нарекол песните на албумот „извадоци од [...] треперлива, преемотивна мелизма“ и ги критикувал нивните „нерешителни, ритми и синтисајзерите.“[55] Покрај фалењето на брзите песни како „жанровски разнебитувани“, Адам Марковиз од Entertainment Weekly рекол дека првата половина од песните се „чудна [...] заспивачки рецитали од балади“ и коментирал дека „Вокално, никогаш не звучела подобро — со силен глас и прецизно — но песните тука не се за неа.“[54] Алексис Петридис од The Guardian изјавил „Високите песни нудат наводи што можеше да биде: тешко е да се почувствува дека албумот би можел да звучи подобро отколку што е сега.“[29] Кевин Рили од NOW напишал дека „На 4, нејзе сè уште ѝ недостасува вистинско чувство на ранливост но таа заминува од продукцијата со средно темпо наменета за клубови.“[56]

Список на песни

[уреди | уреди извор]
Бр. НасловТекстописциПродуцент(и) Траење
1. 1+1“  Териус Неш, Кристофер Стјуарт, Бијонсе НоулсНоулс, Неш, Трики Стјуарт 4:35
2. „I Care“  Џеф Баскер, Чед Хуго, НоулсБаскер, Ноулс* 4:00
3. „I Miss You“  Френк Оушн, Ши Тејлор, НоулсНоулс, Ш. Тејлор 2:59
4. Best Thing I Never Had“  Кени Едмондс, Антонио Диксон, Ноулс, Патрик Смит, Ш. Тејлор, Лери Грифин, Џр., Калеб МеккембелНоулс, Бејбифејс, Диксон, Ш. Тејлор, Symbolyc One, Калеб 4:13
5. „Party“ (со André 3000)Кање Вест, Баскер, Ноучс, Декстер Милс, Даглас Дејвис, Рики ВалтерсНоулс, Вест, Баскер* 4:06
6. „Rather Die Young“  Баскер, Лук Стил, НоулсБаскер, Ноулс*, Стил* 3:43
7. „Start Over“  Тејлор, Ноулс, Естер ДинНоулс Ш. Тејлор 3:19
8. „Love on Top“  Ноулс, Неш, Ш. ТејлорНоулс, Ш. Тејлор 4:28
9. Countdown“  Неш, Ш. Тејлор, Ноулс, Дин, Кенон Лемб, Џули Фрост, Мајкл Бивинс, Натан Морис, Ванја МорисНоулс, Ш. Тејлор 3:34
10. „End of Time“  Ноулс, Неш, Ш. Тејлор, Дејвид ТејлорНоулс, The-Dream, Свич 3:44
11. „I Was Here“  Дијан ВаренРајан Тедер, Брент Куцле, Ноулс, Кук Харел 4:00
12. Run the World (Girls)“  Неш, Ноулс, Весли Пентз, Д. Тејлор, Адиџа Палмер, АфроџекСвич, Териус Неп, Ноулс*, Ш. Тејлор* 3:55

* Дополнителен продуцент

Забелешки
  • Делукс изданието содржи ексклузивна верзија на музичкото видео за „Run the World (Girls)“.[59]
  • Ноулс и Кук Харел се кредитирани како вокални продуценти на „I Was Here“.[60]
Примероци

Историја на издавање

[уреди | уреди извор]
Регион Датум Формат Куќа
Австралија[65] 24 јуни 2011 ЦД, дигитално спуштање Sony Music Entertainment
Австрија[66]
Белгија[67]
Германија[68]
Ирска[69]
Холандија[70]
Швајцарија[71]
Франција[72] 27 јуни 2011
Нов Зеланд[73] 27 јуни 2011
Сингапур[74]
Британија[75] RCA Records
Аргентина[76] 28 јуни 2011 Sony Music Entertainment
Бразил[77]
Канада[78] Columbia Records
Шпанија[79] Sony Music Entertainment
САД[19] Columbia Records
Данска[80] June 29, 2011 Sony Music Entertainment
Јапонија[81] 29 јуни 2011 Sony Music Entertainment Japan
  1. Crosley, Hillary (February 26, 2010). „Beyonce Says She 'Killed' Sasha Fierce“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2014-04-24. Посетено на May 19, 2011.
  2. 2,0 2,1 Vena, Jocelyn (November 23, 2010). „Beyonce Inspired By Michael Jackson, Lauryn Hill For New Album“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2011-07-14. Посетено на March 14, 2011.
  3. 3,0 3,1 „Beyoncé Crafts 'Own Genre' on New Album“. Rap-Up. November 18, 2010. Посетено на March 14, 2011.
  4. „Beyonce is teaming up with Kanye West's producer S1 to bring you something like never before!“. MTV News. January 18, 2011. Посетено на March 14, 2011.
  5. Lipshutz, Jason (January 20, 2011). „Sean Garrett Working 'Feverishly' on New Justin Bieber & Beyonce Albums, Columbia Debut“. Billboard. New York: Prometheus Global Media. Посетено на March 14, 2011.
  6. Vozick-Levinson, Simon (September 15, 2010). „Beyonce working on new 'party music,' says songwriter Sean Garrett“. Entertainment Weekly. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2011-05-25. Посетено на March 14, 2011.
  7. Herrera, Monica (January 24, 2011). „Beyonce Hits the Studio with Diplo, Sleigh Bells?“. Billboard. New York: Prometheus Global Media. Посетено на March 14, 2011.
  8. Concepcion, Mariel (January 21, 2011). „Beyonce: 2011 Album Preview“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на March 14, 2011.
  9. 9,0 9,1 9,2 „Is Beyonce Almost Finished With Her New Album?“. MTV News. February 16, 2011. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на March 14, 2011.
  10. Concepcion, Mariel (December 24, 2010). „Producer Says He Didn't Rip Off Lil Wayne '6 Foot, 7 Foot' Beat“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на March 14, 2011.
  11. Tijs, Andrew (April 5, 2011). „Undercover News: New Beyonce Album Due Out In June“. Undercover News. Посетено на April 6, 2011.
  12. „Beyoncé Dives Into Studio with Frank Ocean“. Rap-Up. March 12, 2011. Посетено на March 14, 2011.
  13. Corner, Lewis (March 10, 2011). „New Beyoncé track to be released soon?“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 2011-04-13. Посетено на March 14, 2011.
  14. „Alja Jackson Writes For New Beyoncé Album“. RTTNews. September 26, 2010. Посетено на March 27, 2011.
  15. Lester, Paul (September 2, 2010). „New band of the day - Talay Riley (No 859)“. guardian.co.uk. Guardian Media Group. Посетено на March 14, 2011.
  16. „A hard Bey's work for Beyonce“. The Sun. News International. May 14, 2011. Посетено на May 16, 2011.
  17. „Billboard Bits: Beyonce Previews '4' at Listening Party, Kenny Chesney Playing Alabama Show For Charity“. Billboard. Prometheus Global Media. May 12, 2011. Посетено на May 18, 2011.
  18. „Beyonce: Inside Billboard Magazine“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот 2011-06-01. Посетено на June 2, 2011.
  19. 19,0 19,1 „Video: Beyoncé – 'Run the World (Girls)'. Rap-Up. Devin Lazerine. May 18, 2011. Посетено на May 18, 2011.
  20. Dinh, James (June 1, 2011). „Beyonce Premieres 'Best Thing I Never Had'. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-06-02. Посетено на June 2, 2011.
  21. Wieselman, Jarett (June 1, 2011). „Diane Warren talks greatest hits, Beyonce & Due Voci“. PopWrap. New York Post. Архивирано од изворникот на 2011-06-03. Посетено на June 2, 2011.
  22. 22,0 22,1 „Beyonce has 72 tracks in contention for new album '4' - audio“. NME. May 14, 2011. Посетено на May 22, 2011.
  23. 23,0 23,1 Rogers, Monica (May 11, 2011). „Exclusive: Beyonce's New Album Title Revealed“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на May 11, 2011. Укажано повеќе од еден |last1= и |last= (help); На |first2= му недостасува |last2= (help)
  24. 24,0 24,1 24,2 Vena, Jocelyn (May 19, 2011). „Beyonce Reveals 4 Album Art, Release Date“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-05-22. Посетено на May 20, 2011.
  25. 25,0 25,1 „Album Cover: Beyoncé – '4'. Rap-Up. Devin Lazerine. May 18, 2011. Посетено на May 18, 2011.
  26. Daw, Robbie (May 19, 2011). „Beyonce Strikes A Fierce Pose On Her '4' Album Cover“. Idolator. Gawker Media. Посетено на May 19, 2011.[мртва врска]
  27. Shira, Dahvi (June 16, 2011). „First Look at Deluxe Edition of Beyoncé's Album, 4“. People. Архивирано од изворникот на 2011-06-20. Посетено на June 17, 2011.
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 Trust, Gary (May 11, 2011). „Beyoncé: The Billboard Music Awards Q&A“. Billboard. New York: Prometheus Global Media. Посетено на May 11, 2011.
  29. 29,0 29,1 29,2 Petridis, Alexis (June 23, 2011). „Beyoncé: 4 - review“. The Guardian. Guardian News and Media Limited. Посетено на June 24, 2011. Text " Music " ignored (help); Text " The Guardian " ignored (help)
  30. 30,0 30,1 30,2 Abebe, Nitsuh (June 19, 2011). „Nitsuh Abebe on Beyoncé's Latest Album, '4' -- New York Magazine Pop Music Review“. New York. New York Media. Посетено на June 20, 2011.
  31. „Beyonce, Nicki Minaj to Perform on 'GMA' Summer Concert Series“. Rap-Up. May 11, 2011. Посетено на May 12, 2011.
  32. „Beyonce Previews 4, 'Run The World (Girls)' Video“. MTV. May 12, 2011. Архивирано од изворникот на 2011-10-25. Посетено на May 12, 2011.
  33. 33,0 33,1 „Beyonce, Usher, and Alicia Keys Salute Oprah During Farewell Spectacular“. Rap-Up. Devin Lazerine. May 18, 2011. Посетено на May 18, 2011.
  34. „How are you going to get out of that? Beyoncé wears revealing metallic 'spider's web' dress at the Billboard Music Awards“. Daily Mail. Associated Newspapers Ltd. May 23, 2011. Посетено на May 23, 2011.
  35. 35,0 35,1 „Beyonce Debuts '1+1' on 'American Idol' (Video)“. Rap-Up. Devin Lazerine. May 25, 2011. Посетено на May 26, 2011.
  36. Corne, Lewis (May 26, 2011). „Beyoncé releases new song '1+1'. Digital Spy. Hachette Filipacchi Médias. Архивирано од изворникот на 2012-04-24. Посетено на May 27, 2011.
  37. „Beyoncé's '4' leaks online, three weeks before release“. The Los Angeles Times. Tribune Company. June 7, 2011. Посетено на June 8, 2011.
  38. Wete, Brad (June 9, 2011). „Beyonce's a little peeved her new album leaked, but happy fans like it“. Entertainment Weekly. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на June 10, 2011.
  39. „Beyonce Talks Motherhood On 'Entertainment Tonight', May Join Kelly Rowland On UK 'X-Factor'. Idolator. BuzzMedia. June 18, 2011. Посетено на June 19, 2011.[мртва врска]
  40. „Join Us As We Count Down To '4'. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот на 2011-06-16. Посетено на June 18, 2011.
  41. 41,0 41,1 „Beyonce Events, Beyonce Tour Schedule, Beyonce Interviews“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот на 2011-05-21. Посетено на May 21, 2011.
  42. Columbia Records (10 февруари 2011). "Beyonce to Headline Glastonbury Festival". Соопштение за печат.  посет. 12 февруари 2011 г
  43. 43,0 43,1 Dinh, Jame (April 21, 2011). „Beyonce's 'Run The World (Girls)' To Hit Radio, iTunes Thursday“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-04-23. Посетено на April 21, 2011.
  44. „Snippet of Beyonce's New Single Hits the Net“. Rap-Up. Devin Lazerine. April 14, 2011. Посетено на April 15, 2011.
  45. Ramirez, Erika (April 14, 2011). „Listen: Beyonce Single Snippet Leaks?“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на April 15, 2011.
  46. „Beyonce Drops Official Version Of 'Run The World (Girls)'. Rap-Up. Devin Lazerine. April 18, 2011. Посетено на May 19, 2011.
  47. Vena, Jocelyn (April 18, 2011). „Beyoncé's 'Girls' Video Will Be 'Big', Director Says“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-04-21. Посетено на May 19, 2011.
  48. Vena, Jocelyn (May 17, 2011). „Beyonce To Premiere 'Run The World (Girls)' On 'American Idol'. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-05-18. Посетено на May 19, 2011.
  49. Lipshutz, Jason (May 31, 2011). „Beyonce to Release New Single on Wednesday“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на June 1, 2011.
  50. „Best Thing I Never Had – Single (United States)“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на June 2, 2011.
  51. 51,0 51,1 Horton, Matthew (June 22, 2011). „BBC - Music - Review of Beyoncé - 4“. BBC Online. BBC. Посетено на June 22, 2011.
  52. 52,0 52,1 Conner, Thomas (June 22, 2011). „CD review: Beyonce, '4' - Music: Via Chicago“. Chicago Sun-Times. Sun-Times Media. Архивирано од изворникот на 2012-02-25. Посетено на June 23, 2011.
  53. 53,0 53,1 Coplan, Chris (June 24, 2011). „Album Review: Beyoncé – 4“. Consequence of Sound. ConsequenceofSound.net. Посетено на June 24, 2011.
  54. 54,0 54,1 Markowitz, Adam (June 22, 2011). „4 review - Beyoncé Review“. Entertainment Weekly. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2011-08-21. Посетено на June 22, 2011. Text "Music Reviews and News" ignored (help); Text "EW.com" ignored (help)
  55. 55,0 55,1 Gill, Andy (June 24, 2011). „Album: Beyonce, 4 (Columbia) - Reviews, Music - The Independent“. The Independent. Independent Print Limited. Посетено на June 24, 2011.
  56. 56,0 56,1 Ritchie, Kevin (June 23, 2011). „NOW Magazine // Music // Beyoncé - 4“. NOW. Now Communications. Архивирано од изворникот на 2011-11-28. Посетено на June 23, 2011.
  57. 57,0 57,1 Henderson, Eric (June 10, 2011). „Beyoncé: 4“. Slant Magazine. Посетено на June 12, 2011. Text " Music Review " ignored (help); Text " Slant Magazine " ignored (help)
  58. „Beyoncé - 4 [Limited Edition]“ (јапонски). Sony Music Japan. June 5, 2011. Посетено на June 5, 2011.
  59. 59,0 59,1 „4 (Deluxe Edition) – 2 Discs“. Target Corporation. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на June 18, 2011.
  60. (Media notes). Занемарен непознатиот параметар |Publisher= (се препорачува |publisher=) (help); Занемарен непознатиот параметар |Name= (help); Занемарен непознатиот параметар |Format= (се препорачува |format=) (help); Занемарен непознатиот параметар |Artist= (се препорачува |others=) (help); Занемарен непознатиот параметар |Year= (се препорачува |year=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  61. 61,0 61,1 61,2 „Beyonce Samples Slick Rick and Doug E. Fresh on André 3000 Collaboration“. Rap-Up. June 4, 2011. Посетено на June 5, 2011.
  62. „BMI | Repertoire Search – La Di Da Di“. Broadcast Music Incorporated. Посетено на June 5, 2011.[мртва врска][мртва врска][мртва врска][мртва врска][мртва врска]
  63. „BMI | Repertoire Search – Uhh Ahh“. Broadcast Music Incorporated. Архивирано од изворникот на 2012-07-17. Посетено на June 5, 2011.
  64. „BMI | Repertoire Search – Pon de Floor“. Broadcast Music Incorporated. Посетено на June 5, 2011.[мртва врска][мртва врска][мртва врска][мртва врска][мртва врска]
  65. „Buy 4 Beyonce, Urban, CD“. Sanity.com.au. Архивирано од изворникот на 2013-07-18. Посетено на May 24, 2011.
  66. „Beyoncé veröffentlicht '4' am 24. Juni 2011 (Austria)“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот 2011-05-20. Посетено на May 20, 2011.
  67. „Beyoncé - 4 (Belgium)“. FreeRecordShop.be. Архивирано од изворникот на May 28, 2011. Посетено на May 29, 2011.
  68. „Beyoncé veröffentlicht '4' am 24. Juni 2011 (Germany)“. BeyonceOnline.com (германски). Архивирано од изворникот 2011-05-20. Посетено на May 20, 2011.
  69. „Beyonce's new album '4' set for release in Ireland on 24th June“. Sony Music Ireland. Посетено на May 26, 2011.[мртва врска][мртва врска][мртва врска][мртва врска][мртва врска]
  70. „4, Beyonce | Muziek“. Bol.com. Архивирано од изворникот на 2013-07-18. Посетено на May 21, 2011.
  71. „Beyoncé To Release '4' June 24, 2011 (Switzerland)“. Архивирано од изворникот на 2011-05-20. Посетено на May 20, 2011.
  72. "4", le nouvel album de Beyoncé sortira le 27 juin!“. BeyonceOnline.com (француски). May 19, 2011. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на May 28, 2011.
  73. „Beyonce To Release '4' June 27, 2011 (New Zealand)“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот 2011-05-20. Посетено на May 20, 2011.
  74. „Beyonce Set To Release New Album, '4' - The Official Beyoncé Site“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот на 2011-06-04. Посетено на Jun 17, 2011.
  75. „Buy Beyonce – 4“. Play.com. Посетено на May 24, 2011.
  76. „Beyoncé lanzará su nuevo álbum "4" el 128 de Junio (Argentina)“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот 2011-05-20. Посетено на May 20, 2011.
  77. „Beyonce vai lançar '4', em 28 de Junho de 2011 (Brasil)“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот 2011-05-20. Посетено на May 20, 2011.
  78. „Beyonce To Release '4' June 28, 2011 (Canada)“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот 2011-05-20. Посетено на May 20, 2011.
  79. „Beyoncé lanzará '4' el próximo 28 de Junio de 2011 (Spain)“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот 2011-05-20. Посетено на May 20, 2011.
  80. „4 – Beyonce – Musik“. CDON Group. Посетено на May 26, 2011.
  81. „Amazon.co.jp: Beyonce – 4“ (јапонски). Amazon Japan. Посетено на May 24, 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]