Run the World (Girls)
„Run the World (Girls)“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Бијонсе | |||||
од албумот 4 | |||||
Издаден | 21 април 2011 | ||||
Текстописец | Териус Неш, Бијонсе Ноулс, Ник ван Де Вак, Весли Пентз, Девид Тејлор, Адиџа Палмер | ||||
Формат | ЦД сингл, музичко спуштање, макси сингл, 12" сингл | ||||
Жанр | Р&Б, поп | ||||
Должина | 3:56 (Сингл верзија) 4:44 (Албум верзија) | ||||
Издавачка куќа | Columbia | ||||
Продуцент | Switch, Бијонсе Ноулс, Ши Тејлор | ||||
Хронологија на синглови на Бијонсе | |||||
|
„Run the World (Girls)“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс. Песната за „женско подобрување“ е напишанана од Териус „The-Dream“ Неш, Ноулс, Ник „Афроџак“ ван де Вал, Весли „Дипло“ Пентз, Дејвид „Свич“ Тејлор, и Адиџа Палмер, а продукцијата е направена од Свич, Ноулс и Ши Тејлор. Шпекулирана дека ќе биде издадена како „Girls (Who Run the World)“, неуредено демо од песната било испратено на интернет на 18 април 2011. „Run the World (Girls)“ подоцна била официјално издадена на 21 април 2011 како водечки сингл од четвртиот студиски албум на Ноулс, 4. Песната во голема мерка зема примероци од „Pon de Floor“ од Мејор Лазер, следејќи ги истите хип-хоп-денсхал жанрови, помеани со поп и Р&Б звуци од Ноулс. Насловот и текстот на песната содржат агресивна порака за женското подобрување.
„Run the World (Girls)“ ги поделила мислењата на критичарите, од кои повеќето го пофалиле примерокот на песната и агресивноста на Ноулс, додека други ја критикувале музичката насока на песната. Неколку критичари ја споредиле песната со други песни на Ноулс во кои се работи за женско подобрување како „Independent Women“ (2000), „Single Ladies (Put a Ring on It)“ (2008), и „Diva“ (2009), изјавувајќи дека „Run the World (Girls)“ зема поголем и поагресивeн пристап кон женското подобрување.
Музичкото видео за синглот било режирано од Франсис Лоренс и било снимено во Калифорнија за три дена. Дел од видеото било откриено од Ноулс на нејзината официјална страница, каде било наречено „B Revolution“. Во интервју со MTV Вести, режисерот Франсис Лоренс го опишал музичкото видео како „едно од најголемите музички видеа кои Бијонсе ги има направено,“ споредувајќи го со музичкото видео за „Bad Romance“ од Лејди Гага (2009).
Заднина
[уреди | уреди извор]Во интервју со The Capital FM Network во почетокот на март 2011, Ши Тејлор потврдил дека „првиот сингл е голем и премиерата ќе биде кон крајот на април“.[1] „Run the World“ била напишана од Ноулс и Териус Неш и била продуцирана од Ноулс, Свич и Тејлор.[2] Дипло исто така придонел во продукцијата на песната иако не бил кредитиран на песната.[3] Прво имало гласини дека песната ќе биде насловена „Girls (Who Run the World)“.[3] На 14 април 2011, два дела од песната биле пратени на интернет на интернет[4][5] додека незавршено демо од „Run the World (Girls)“ било испратено онлајн на 18 април 2011.[6]
Откако била наградена со Милениумска Награда од Билборд во почетокот на мај 2011 за нејзините успеси во кариерата и влијането во музичката индустрија, Ноулс имала интервју со месечноиот магазин во кој зборувала за нејзината соло кариера и за новиот четврт албум. Кога ја прашале за храброста на „Run the World“, Ноулс рекла:
„ | Дефинитивно е поризично отколку нешто... едноставно. Јас само ја слушнав песната и ми се допадна што беше толку поразлична: изгледаше малку африкански, малку електронски и футуристички. Ме потсети што сакам, а тоа е да мепам различни култури и периоди — работи кои обично не одат заедно — за да создадам нов звук. Никогаш не можам да бидам безбедна; секогаш пробувам да одам против. Само што ќе постигнам една работа, поставувам повисока цел. Така јас сиггнав до тоа што сум сега. - Бијонсе Ноулс[7] | “ |
Издавање
[уреди | уреди извор]Поради деловите испратени на интернет, издавањето на „Run the World (Girls)“ било нарушено.[2][8] Премиерно било прикажано на радијата во САД на 21 април 2011 во 8:00 EST, а можело дигитално да се спушти ширум светот преку iTunes Store истиот ден.[2] Според некои репортери, синглот протекол на iTunes бесплатно неколку часа пред неговото одицијално издавање. Кратко било овозможено да се спушти бесплатно преку поткаст сервисот Concrete Loop.[9] „Run the World (Girls)“ бил прикажан на мејснтрим радијата како и на урбаните радија на 26 април 2011.[10][11] Според MTV Вести, „Run the World (Girls)“ бил добро прифатен од обожавателите на Ноулс на Твитер.[12]
Омот
[уреди | уреди извор]Омотот за „Run the World (Girls)“ бил издаден на 20 април 2011, денот пред официјалното издавање на песната. На омотот Ноулс зафаќа поза стоејќи на песокот. Со нејзината тупаница во воздухот, Ноулс носи жолт Емилио Пучи фустан и црни чизми.[2] Лос Анџелес Тајмс кажале дека сликата покажува „пост-апокалиптична воена зона, со златни шаки и држејчи црвени знамиња со црно 'Б'.“[13] Омотот е сликан на 14 април 2011.[14]
Треј Хова од Vibe го пофалил омотот на синглот, изјавувајчи дека Ноулс изгледа „блескава како пекол“ на омотот и дополнително додал дека „Никој не се жали за Беј сезоната овде.“[15] Слично, Елеанор Јанг од Marie Claire го опишал омотот како „пискав“.[16] Реј Роџерс од Билборд изјавил дека Ноулс „јасно ја објавува својата порака за женско подобрување“ кога ја крева својата стисната рака на омотот.[7] Од друга страна, Беки Бејн од Идолатор му дала лоши оценки на синглот, опишувајќи го како „доволно разочарувачки“.[17] Таа изјавила дека со „балистички“ песни како „Run the World (Girls)“, таа очекувала нешто повеќе отколку само снимање на телото на Ноулс и го критикувала омотот поради тоа што не е разбирливо каде е локацијата на сликата; таа напишала, „Каде по ѓаволите е таа? Под автопат? На плажа?“. Сепак, Бејн ја пофалила Ноулс за изборот на високи потпетици како „сериозен бизнис“.[17]
Композиција
[уреди | уреди извор]„Run the World“ користи војнички ритам позајмен од „Pon de Floor“ од Мајор Лазер и во текстот се работи за женско подобрување. | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
„Run the World“ е Р&Б[18] и поп песна.[19] Џоклин Вена од MTV Вести ја нарекла „клуб песна“[20] како и песна за „женско подобрување/женски тип на песна“,[21] како повеќето од претходните синглови на Ноулс, вклучувајќи ги „Independent Women“ (2000) со Destiny's Child и „Single Ladies (Put a Ring on It)“ (2008).[22][23] Ши Тејлор рекол дека песната користи повеќе од поп жанрот отколку Р&Б и слична е со првобитната работа на Мајкл Џексон.[24] „Run the World (Girls)“ користи денсхал влијанија[25] како традиција на „Get Me Bodied“ (2007).[26] „Високоенергетската“ песна содржи го-го елементи[27] и има војнички ритам кој претставува примерок од „Pon de Floor“ од Мајор Лазер и Вибз Картел.[6][28] Содржи тежок синтисајзер и војнички тапански ритам под гласните вокали на Ноулс.[19] Остри африкански ударни инструменти се застапени во песната со интензивна тапани во стил на бенд.[29][30] Неколку музички критичари како Кети Меккеб од The Daily Telegraph ја поврзала „Run the World“ со „Single Ladies“ и „Diva“ (2009).[31] Дополнително Џонстон Брејхан од The Village Voice ја споредил песната со скандирања во училишниот двот, поради „навивачките удари“ и повторувањето на зборот „Girls“.[32]
Формати и списоци на песни
[уреди | уреди извор]- Дигитално спуштање[33]
- „Run the World (Girls)“ (Сингл Верзија) – 3:55
- German CD single[34]
- „Run the World (Girls)“ (Сингл Верзија) – 3:55
- „Run the World (Girls)“ (Ремикс од Jochen Simms Club) – 6:16
Историја на издавање
[уреди | уреди извор]Држава | Датум | Формат |
---|---|---|
Ширум светот | 21 април 2011 | Дигитално спуштање[2] |
Австралија | Современо хит радио[35] | |
САД | 26 април 2011 | Contemporary hit radio[10] |
Урбано радио[11] | ||
Урбано возрасно современо радио[11] | ||
Обединето Кралство | 1 јуни 2011 | Современо хит радио[36] |
3 јуни 2011 | Урбано радио[37] | |
Германија | 10 јуни 2011 | ЦД сингл[34] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Beyonce to release new single?“. The Capital FM Network. Global Radio. Посетено на April 11, 2011.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Dinh, Jame (April 21, 2011). „Beyonce's 'Run The World (Girls)' To Hit Radio, iTunes Thursday“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2011-04-23. Посетено на April 21, 2011.
- ↑ 3,0 3,1 Lipshutz, Jason (April 20, 2011). „Beyonce's 'Run the World (Girls)' Single to Hit iTunes Tomorrow“. Billboard. New York: Prometheus Global Media. Посетено на April 20, 2011.
- ↑ „Snippet of Beyonce's New Single Hits the Net“. Rap-Up. Devin Lazerine. April 14, 2011. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ Ramirez, Erika (April 14, 2011). „Listen: Beyoncé Single Snippet Leaks?“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ 6,0 6,1 „Beyonce Drops Official Version Of 'Run The World (Girls)'“. Rap-Up. Devin Lazerine. April 18, 2011. Посетено на April 19, 2011.
- ↑ 7,0 7,1 Trust, Gary (May 11, 2011). „Beyoncé: The Billboard Music Awards Q&A“. Billboard. New York: Prometheus Global Media. Посетено на May 11, 2011.
- ↑ „Beyonce's "sassy" comeback single gains buzz“. Yahoo! News. Yahoo!. April 23, 2011. Посетено на April 23, 2011.
- ↑ Copsey, Robert (April 21, 2011). „Beyonce's 'Girls' leaks on iTunes for free“. Digital Spy. Hachette Filipacchi Medias. Архивирано од изворникот на 2011-04-24. Посетено на April 24, 2011.
- ↑ 10,0 10,1 „Top 40/M Future Releases“. All Access Music Group. Архивирано од изворникот 2011-04-22. Посетено на April 22, 2011.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 „Urban/UAC Future Releases“. All Access Music Group. Архивирано од изворникот 2011-04-22. Посетено на April 22, 2011.
- ↑ „Beyonce Crafts Another Female Anthem, Fans React“. MTV Rapfix. MTV Networks. April 19, 2011. Архивирано од изворникот на 2011-04-24. Посетено на April 21, 2011.
- ↑ „Beyonce Cover Art - Run This World (Girls)“. MTV News. MTV Networks. April 21, 2011.
- ↑ „Beyoncé Shines Bright on Day 3 of Video Shoot“. Rap-Up. Devin Lazerine. April 15, 2011. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ Hova, Tray (April 20, 2011). „Peep This: Beyoncé's Single Art For 'Run The World (Girls)'“. Vibe. InterMedia Partners. Посетено на April 21, 2011.[мртва врска]
- ↑ Young, Eleanor (April 21, 2011). „First Look! Beyoncé's Sizzling Single Cover“. Marie Claire. IPC Media. Архивирано од изворникот на 2011-04-25. Посетено на April 23, 2011.
- ↑ 17,0 17,1 „Beyoncé's "Run The World (Girls)" Single Cover Less Exciting Than The Song“. Idolator. Посетено на April 21, 2011.[мртва врска]
- ↑ Corner, Lewis (April 21, 2011). „Beyonce unleashes 'Run The World (Girls)'“. Digital Spy. Hachette Filipacchi Medias. Архивирано од изворникот на 2011-04-24. Посетено на April 21, 2011.
- ↑ 19,0 19,1 „Beyoncé's 'Run The World (Girls)': New Single Released“. The Huffington Post. AOL Inc. April 19, 2011. Посетено на April 20, 2011.
- ↑ „First Look At Beyonce's New Music Video“. Rap-Up. Devin Lazerine. April 11, 2011. Посетено на April 12, 2011.
- ↑ Vena, Jocelyn (April 12, 2011). „Is Beyonce Prepping Her Next Music Video?“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2018-04-25. Посетено на April 12, 2011.
- ↑ Gayles, Contessa (April 21, 2011). „Beyonce Debuts Anthem 'Run the World (Girls)'“. AOL Music. AOL Inc. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на April 24, 2011.
- ↑ Perricone, Kathlene (April 21, 2011). „Beyonce releases new single: 'Run the World (Girls)' is another female-empowerment anthem“. Daily News. Mortimer Zuckerman. Архивирано од изворникот на 2012-05-03. Посетено на May 2, 2011.
- ↑ Benitez-Eves, Tina (March 8, 2011). „Beyonce to Debut New Single This April?“. AOL Music. AOL Inc. Архивирано од изворникот на 2011-03-14. Посетено на April 12, 2011.
- ↑ Winistorfer, Andrew (April 19, 2011). „Beyonce - "Run The World (Girls)" (Prod. Diplo & Switch)“. Prefix Magazine. Архивирано од изворникот на 2012-02-12. Посетено на April 23, 2011.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеpitck
. - ↑ Dixon, Risa (April 19, 2011). „New Beyonce track, 'Girls (Who Run The World)'“. Newsday. Terry Jimenez. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на May 2, 2011.
- ↑ Smart, Gordon (April 13, 2011). „Beyonce hires all the dancer ladies“. The Sun. News International. Посетено на April 13, 2011.[мртва врска]
- ↑ Cheung, Nadine (April 21, 2011). „Beyoncé, 'Run the World (Girls)' -- New Song“. AOL Music. AOL Inc. Архивирано од изворникот на 2012-05-06. Посетено на April 23, 2011.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеLamb
. - ↑ McCabe, Kathy (April 21, 2011). „Beyoncé has ripped off her own hits for new release "Run The World (Girls)"“. The Daily Telegraph. News Limited. Посетено на April 21, 2011.
- ↑ Breihan, Johnston (April 19, 2011). „Beyoncé And Diplo Load Up On Accessories“. The Village Voice. Michael Cohen. Архивирано од изворникот на 2011-04-23. Посетено на April 21, 2011.
- ↑ „Run the World (Girls) - Single by Beyoncé“. iTunes Store (US). Apple Inc. April 21, 2011. Посетено на May 21, 2011. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ 34,0 34,1 „Beyoncé - Run The World (Girls) - Sony Music Entertainment Germany GmbH“. Sony Music. Посетено на 25 May 2011.[мртва врска]
- ↑ „Beyonce“. The Music Network. Peer Group Media (833). April 25, 2011. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на May 14, 2011.
- ↑ „Radio 1 Playlist“. BBC Radio 1. BBC. June 3, 2011. Архивирано од изворникот 2011-06-05. Посетено на 2011-06-10.
- ↑ „Radio 1Xtra Playlist“. BBC Radio 1Xtra. BBC. June 3, 2011. Архивирано од изворникот 2011-06-05. Посетено на 2011-06-10.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|