Countdown (песна на Бијонсе Ноулс)
„Countdown“ | |
---|---|
Песна од Бијонсе Ноулс | |
од албумот 4 | |
Снимена | МСР Студио (Њујорк Сити) |
Жанр | Р&Б |
Должина | 3:34 |
Марка | Columbia |
Песнописец | The-Dream, Ши Тејлор, Ноулс, Естер Дин, Кајнон Ламб, Џули Фрост, Мајкл Бивинс, Натан Морис, Ванја Морис |
Продуцент(и) | Б. Ноулс, Ш. Тејлор, Лемб |
„Countdown“ е песна од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс за нејзиниот четврт студиски албум, 4 (2011). Напишана е од The-Dream, Ши Тејлор, Ноулс, Естер Дин, Кајнон Ламб, Џули Фрост, Мајкл Бивинс, Натан Морис, Ванја Морис, а продуцирана од Ноулс, Тејлор и Лемб. „Countdown“ е забрзана песна во која инструменти се дувачките инструменти и тапаните. Песната го презела пребројувањето од „Uhh Ahh“ изведена од Boyz II Men, а Ноулс додала дополнителен текст помеѓу броењето од десет до еден.
Следејќи го протекувањето на 4 на интернет, три недели пред официјалниот датум на издавање на албумот, „Countdown“ добила тешка ротација на радијата што имало влијание на нејзиното искачување на седумдесет и петтото место на табелата во САД, Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни. Ноулс ја кажала концепцијата на „Countdown“, изјавувајќи дека користела жанрови од 1990-тите и 1970-тите и нејзините искуства со турнеите, патувањата, гледањето на рок бендовите и присуствувањето на фестивали. Критичарите го пофалиле бметнувањето на песната во албумот од кои повеќето забележале дека тоа бил неопходен избор, за целиот албум да не доминита со балади. Критичарите дополнително ја споредиле песната со другите песни издадени од Ноулс, вклучувајќи ги „Check on It“ (2005), „Get Me Bodied“ (2007) и „Video Phone“.
Заднина
[уреди | уреди извор]„Countdown“ е напишана од The-Dream, Ши Тејлор, Ноулс, Естер Дин, Кајнон Ламб, Џули Фрост, Мајкл Бивинс, Натан Морис, Ванја Морис, а продуцирана од Ноулс, Тејлор и Лемб. Мајкл Бивинс, Натан Морис и Ванја Морис се кредитирани во песната поради примероците во кои има одбројување, а се преземени од „Uhh Ahh“, песна изведена од Boyz II Men.[1][2]
На 11 мај 2011, Ноулс имала слушачка забава за албумот во Њујорк на коишто им прикажала четири песни од албумот, меѓу кои била и „Countdown“.[3] Во прегледот на песната Ноулс коментирала, „[Џеј-Зи] ја сакаше. Мислам дека ја расчленувапе и размислуваше што може тој како рапер да направи за неа.“[3] На 7 јуни 2011, „Party“ и „Countdown“ биле испратени на интернет.[4] По тоа следеле прекини од легалниот тим на Ноулс, кои ги натерале повеќето страници да ги тргнат врските за спуштање на песните.[4]
„Countdown“ била искористена во рекламата за промовирањето на делукс изданието на 4, кое било ексклузивно продавано во Target.[5] На 16 јуни 2011, дванаесет дена пред официјалното издавање на 4 во САД, Ноулс направила одбројување на нејзината вебстраница, така шро секој ден била прикажувана една песна од албумот, по бројчен распоред.[6][7] На 24 јуни 2011, „Countdown“ била деветтата избрана песна, а под песната Ноулс го објаснила креативниот процес: „Ретко сакав да ги мешам 90-тите и 70-тите. Ги ставив заедно и беше многу интересно да се ставаат мостови во песните, сите работи кои ги сакам во музиката, сакав да ги слушнам повторно.“[7][8] Фотографијата земена за „Countdown“ во забелешките на албумот 4 била сликана од германскиот фотограф Елен вон Унверт.[9]
Успех на табелите
[уреди | уреди извор]Неделата на 2 јули 2011, „Countdown“ се искачила на седумдесет и петтото место на табелата Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни на Билборд.[10]
Табела (2011) | Највисока позиција |
---|---|
САД Билборд Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни[11] | 75 |
Кредити и личности
[уреди | уреди извор]
|
Извор:[9] |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Beyonce Samples Slick Rick and Doug E. Fresh on André 3000 Collaboration“. Rap-Up. June 4, 2011. Посетено на June 5, 2011.
- ↑ „BMI | Repertoire Search – Uhh Ahh“. Broadcast Music Incorporated. Архивирано од изворникот на 2012-07-17. Посетено на June 5, 2011.
- ↑ 3,0 3,1 „Beyonce Previews 4, 'Run The World (Girls)' Video - Music, Celebrity, Artist News“. MTV. 2011-05-12. Архивирано од изворникот на 2011-10-25. Посетено на 2011-06-23.
- ↑ 4,0 4,1 „Beyoncé's '4' leaks online, three weeks before release“. LA Times. 2011-05-07. Посетено на 2011-06-23.
- ↑ „BEYONCÉ RETURNS TO THE SPOTLIGHT IN TARGET COMMERCIAL [VIDEO]“. Rap-Up. 2011-06-23. Посетено на 2011-06-23.
- ↑ „Beyonce's Provocative Pose - Beyonce - Fox Nation“. Nation.foxnews.com. 2006-10-01. Архивирано од изворникот на 2011-06-25. Посетено на 2011-06-24.
- ↑ 7,0 7,1 „Countdown To Beyoncé's '4' | The Official Beyoncé Site“. Beyonceonline.com. Архивирано од изворникот на 2013-05-06. Посетено на 2011-06-24.
- ↑ http://beyonce.columbiarecords.com/countdown/pages/?id=9[мртва врска]
- ↑ 9,0 9,1 „Credits“. BeyonceOnline.com. Архивирано од изворникот 2011-06-25. Посетено на 2011-06-28.
- ↑ „Beyoncé Music News & Info“. Billboard.com. Посетено на 2011-06-24.
- ↑ „Hot R&B/Hip-Hop Songs: Week Ending July 2, 2011“. Billboard. Prometheus Global Media. 2011-07-02. Посетено на 2011-06-25.
|