Sweet Dreams (песна на Бијонсе Ноулс)
„Sweet Dreams“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Бијонсе | |||||
од албумот I Am... Sasha Fierce | |||||
Страна Б | „Ego“ „Sweet Dreams“ (Ремикс на Стив Питрон и Макс Сана) | ||||
Издаден | 2 јуни 2009 | ||||
Текстописец | Бијонсе Ноулс, Џим Џонсин, Вејн Вилкинс, Рико Лов | ||||
Формат | ЦД сингл, спуштање, 12" | ||||
Снимен | 2008; South Beat Studios (Мајами Бич, Флорида) | ||||
Жанр | Електропоп, Р&Б | ||||
Должина | 3:28 | ||||
Издавачка куќа | Columbia | ||||
Продуцент | Бијонсе Ноулс, Џим Џонсин, Вејн Вилкинс, Рико Лов | ||||
Хронологија на синглови на Бијонсе | |||||
|
„Sweet Dreams“ е песна од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс од нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce (2008). Оригинално насловена „Beautiful Nightmare“, песната протекла на интернет во март 2008, осум месеци пред издавањто на албумот. Напишана и продуцирана од Ноулс, Џим Џонсин, Вејн Вилкинс и Рико Лов, песната била издадена како шестиот сингл од албумот. Била испратена до Топ 40 и ритмичките современи радија на 2 јуни 2009. Според текстот, песната опишува убава врска за која пејачката верува дека е сон.
„Sweet Dreams“ добила голем критички прием поради нејзината „искра“, „енергија“, „темен тон“ и „електропоп звук“, а некои критичари ја споредиле со песната од Мајкл Џексон, „Beat It“. „Sweet Dreams“ добила голема популарност поради нејзиниот електропоп звук и нејзиниот контрст на претходните Р&Б, урбани и фанк песни. Песната била номинирана за „Избор на Гледачите“ на 2010 BET Awards.
Синглот се искачил на првото место на новозеландската табела за синглови. Се искачил и меѓу првите пет во Австралија, Чешка, Грција, Унгарија, Ирска, Русија, Словачка и Обединетото Кралство. Песната добила платинеста сертификација од Австралиска музичка индустрска асоцијација (ARIA), Новозеландската музичка индустриска асоцијација (RIANZ) и Снимачка Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA).
Музичкото видео било режирано од Адрија Пери и снимено во Бруклин, Њујорк. Златниот корсет кој Ноулс го носи бил режиран од францускиот моден творец Тиери Муглер. Видеото било добро прифатено од критичарите после неговата премиера на 9 јули 2009. „Sweet Dreams“ била промовирана од страна на Ноулс со настапи во живо за време на нејзината светска турнеја вклучувајќи го и настапот во живо на Европските MTV Музички Награди од 2009 на 5 ноември 2009.
Позадина и издавање
[уреди | уреди извор]„Sweet Dreams“ (оригинално насловена, „Beautiful Nightmare“) била една од првите песни компонирани за албумот I Am... Sasha Fierce (2008).[1] Напишана е и продуцирана од Ноулс, Џим Џонсин, Вејн Вилкинс и Рико Лов.[2] Во врска со продукцијата на песната, Лов рекол: „[...] тоа беше животно искуство да се работи со еден од најдобрите вокалисти на сите времиња.“ Ноулс ја снимила песната за еден час[3] во South Beat Studios во (Мајами Бич, Флорида).[2] Рико Лов открил за MTV News дека кога Ноулс влегла во студиото, не била спремна да почне со снимање. Сепак, кога ја слушнала песната таа веднаш рекла: „Да почнеме.“ Ноулс ги сакала позадинските вокали и хукот на песната и ги задржала.[3] Песната протекла на интернет денот откако била снимена во март 2008, осум месеци пред официјалното издавање на албумот, правејќи го првиот сингл на Ноулс кој протекол пред вклучувањето на албумот.[3] Ноулс одговорила за протекувањето на нејзината официјална страница, велејќи: „Сакам да им се заблагодарам на моите обожаватели за позитивниот прием кон песната, но сакам да ви кажам дека тоа е само работа која сè уште е недовршена“.[4] За протекувањето, Лов им кажал на MTV News:
Бев загрижен дека таа ќе мисли дека ние го направивме тоа. Многупати продуцентите и текстописците ги пуштаат песните на интернет бидејќи мислат дека така тие ќе станат хит. Обично протекувањето на песните го тера артистот да се запраша дали сака да ја стаи песната во конечниот список со песни на албумот. Беше фрустрирачки. Почувствував дека треба да работиш тешко за да влезеш во студиото со Бијонсе. [Но] Јас бев благословен [...] што песната излезе дека има девет животи.[3]
За време на издавањето на албумот, структурата на песната била изменета: фразата „вклучете ги светлата“ била повторувана за време на рефренот, трет рефрен бил додаден по климаксот и името било изменето во сегашниот наслов.[2] „Broken-Hearted Girl“ била веднаш издадена како шестиот сингл во САД и четвртиот сингл ширум светот заедно со САД-скиот сингл „Ego“.[5] Сепак, во последната минута, издавањето било изменето и наместо тоа била издадена „Sweet Dreams“. Двете песни биле земени од дискот Sasha Fierce, што е контраст на другите песни земени од првиот диск.[2] „Sweet Dreams“ бил прво испратен до мејнстрим,[6] и ритмичките радија на 2 јуни 2009 во САД.[7] Неколку денс ремиксови на песната биле овозможени на 17 август 2009 во САД.[8] Исто така била издадена за дигитално спуштање на 13 јули 2009,[9] како ЦД сингл на 17 јули 2009,[10] и како дигитален EP на 31 јули 2009 во Германија.[11] „Sweet Dreams“ бил издаден како ЦД сингл во Австралија на 24 јули 2009,[12] и во Обединетото Кралство,[13] каде бил овозможен и 12" Винил[14] како и дигитално спуштање на синглот на 10 август 2009.[15] Дополнително, песната била издадена низ целата Европа на 10 август 2009 како дигитален EP со две страни.[16][17]
Список на песни
[уреди | уреди извор]
|
|
Кредити и личности
[уреди | уреди извор]Кредитите за „Sweet Dreams“ се земени од долните забелешки за албумот I Am... Sasha Fierce.[2]
- Бијонсе Ноулс – вокали, продуцент, текстописец
- Рико Лов – снимач на вокали, продуцент, текстописец, дополнителни вокли
- Џим Каруана – снимач
- Џејмс Шефер – продуцент, текстописец
- Вејн Вилкинс – текстописец, миксер, продуцент
Историја на издавање
[уреди | уреди извор]Држава | Датум | Формат |
---|---|---|
САД[6][7] | 2 јуни 2009 | Топ 40 и ритмичко радио |
Германија | 13 јули 2009[9] | ЦД сингл |
17 јули 2009[10] | Дигитално спуштање | |
Франција[21] | 17 јули 2009 | |
Австралија[12] | 24 јули 2009 | ЦД сингл |
Обединето Кралство[13][15] | 10 август 2009 | ЦД сингл, 12" Винил, дигитално спуштање |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Montgomery, James (July 9, 2011). „Beyoncé Gets Crazy, Sexy, Cool In 'Sweet Dreams' Video“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на September 29, 2020. Посетено на February 19, 2012.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Knowles, Beyoncé (2008). Album notes for I Am... Sasha Fierce (Liner Notes) by Beyoncé Knowles [Compact Disc]. New York City, New York: Columbia Records (88607 42884 2).
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Shaheem Reid (April 8, 2010). „Usher, Beyonce Collaborator Rico Love Talks 'Organic' Songwriting Process | News“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2010-04-25. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ „Beyonce Releases A Statement Regarding Thursday's Leakage…“. The Insider (newspaper). Neri & Associates. March 29, 2008. Посетено на January 15, 2011.[мртва врска]
- ↑ „Beyonce Knowles Broken-Hearted Girl music video released“. The Daily Telegraph (Australia). News Limited. June 18, 2009. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ 6,0 6,1 Top 40 – Week Of: June 2, 2009 Архивирано на 18 февруари 2012 г. Radio and Records. Retrieved January 15, 2011.
- ↑ 7,0 7,1 Rhythmic – Week Of: June 2, 2009 Архивирано на 19 јули 2011 г. Radio and Records. Retrieved January 15, 2011.
- ↑ 8,0 8,1 "Beyoncé - Ego / Sweet Dreams Singles & Dance Mixes". Itunes US. Apple Inc.. Retrieved January 15, 2011.
- ↑ 9,0 9,1 „Sweet Dreams: Beyoncé: Amazon.de: Musik“ (германски). Amazon Germany. Amazon Inc. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ 10,0 10,1 „Sweet Dreams: Beyoncé: Amazon.de: MP3-Downloads“ (германски). Amazon Germany. Amazon Inc. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ 11,0 11,1 „Sweet Dreams EP“. Itunes Germany. Apple Inc. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ 12,0 12,1 AU release CD Online. Thawte. Retrieved January 15, 2011.
- ↑ 13,0 13,1 „Sweet Dreams: Beyoncé: CD Single“. Amazon UK. Amazon Inc. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ 14,0 14,1 „Sweet Dreams UK Vinyl“. EIL. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 „Sweet Dreams (Download Songle)“. Amazon UK. Amazon Inc. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ 16,0 16,1 „Sweet Dreams Remix EP (1)“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ 17,0 17,1 „Sweet Dreams Remix EP (2)“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ „Sweet Dreams (The Remixes)“. Masterbeat.com. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ "Beyoncé - Sweet Dreams - single". Itunes Germany. Apple Inc.. Retrieved January 15, 2011
- ↑ „Sweet Dreams (Single)“ (германски). Amazon Germany. Amazon Inc. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ „Sweet Dreams: Beyoncé: Amazon.fr: Téléchargements MP3“ (француски). Amazon France. Amazon Inc. Посетено на January 15, 2011.
|