Diva (песна на Бијонсе Ноулс)
„Diva“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Бијонсе | |||||
од албумот I Am... Sasha Fierce | |||||
Издаден | 20 јануари 2009 | ||||
Формат | Музичко спуштање | ||||
Снимен | 2008 Bangladesh Studios Patchwerk Studios Silent Sound Studios (Атланта, Џорџија) | ||||
Жанр | Р&Б, хип-хоп | ||||
Должина | 3:20 | ||||
Издавачка куќа | Columbia | ||||
Композитор | Бијонсе Ноулс, Шондрае „Бангладеш“ Крафорд, Син Гарет | ||||
Продуцент | Бијонсе Ноулс, Бангладеш, Син Гарет | ||||
Хронологија на синглови на Бијонсе | |||||
|
„Diva“ е песна од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс. Песната е напишана и продуцирана од Ноулс, Шондрае „Бангладеш“ Крафорд и Син Гарет за нејзиниот трет студиски албум I Am... Sasha Fierce (2008). Бил издаден како трет сингл од албумот во САД заедно со третиот интернационален сингл „Halo“. „Diva“ е Р&Б песна, поставена во хип-хоп ритам и содржи појачано темпо. Текстот на песната носи порака за независност и женско подобрување. Песната содржи такт и бас линија слични на друга продукција која претходно ја направиле Бангладеш наречена, „A Milli“ од американскиот хип-хоп артист Лил Вејн. Критичарите ја нарекле песната „женски придружник“.
Синглот добил позитивни критики од музичкити критичари, а некои ја критикувале поврзаноста на песната со „A Milli“. Песната била успешна во САД, искачувајќи се на деветнаесеттото место на Билборд Хот 100, на првото место на табелата Хот Денс Клуб Плеј и на третото место на Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни. Песната добила златна сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA). Иако била само официјално издадена во САД, песната се појавила на табелите во Австралија, Ирска, Холандија, Нов Зеланд и Обединетото Кралство. Музичкото видео, режирано од Мелина Матсукас, ја покажува Ноулс и позадински танчери во магазин и има слична кореографија на нејзиниот претходен сингл „Single Ladies (Put a Ring on It)“. Ноулс исто така се појавува во различни Тиери Муглер модни парчиња. Иако не ја изведувала на никое телевизиско појавување, песната била дел од сет-списокот на турнејата I Am... Tour.
Позадина и издавање
[уреди | уреди извор]Според интервју кое композиторот на „Diva“, Бангладеш го имал со Rap-Up, песната оригинално требло да биде ставена во неговата микс касета.[1] Тој исто така планирал да избере женски артист кој ќе пее за песната.[1] Сепак, тој одлучил песната да ѝ ја даде на американската Р&Б пејачка Кејшија Кол. Кол која го сакала само ритамот на „Diva“, но не и целата песна, одбила да ја сними. Подоцна таа се одличила да ја испее песната, но во меѓувреме и Ноулс ја сакала песната за нејзиниот албум.[2] Бангладеш одлучил да ѝ ја даде песната на Ноулс, а за Кејшија Кол продуцирал друга песна.[1] Еден месец по издавањето на I Am... Sasha Fierce (2008), било изјавендо дека американската Р&Б пејачка Кјара, која работела на нејзиниот трет студиски албум, Fantasy Ride, направила ремикс на „Diva“. Ремиксот требалко да се најде на нејзината микс касета Fantasy Ride Mixtape.[3]
„Ego“ требало да биде вториот урбан сингл во САД, а како трет целокупен сингл од I Am... Sasha Fierce, заедно со третиот светски сингл „Halo“.[4] Сепак, издавањето на „Ego“ било одложено и песната „Diva“ била издадена на урбаните радија[5] додека „Halo“ била испратена до мејнстрим радијата на 20 јануари 2009.[6] Истиот датум, „Diva“ била испратена само до ритмичките радија.[7] „Ego“ подоцна била издадена како трет урбан сингл и целокупен петти сингл во САД на 19 мај 2009.[8] Дополнително, во Германија, „Diva“ била Б-страна на синглот „Halo“.[9]
Композиција
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
„Diva“ е Р&Б песна компонирана во забрзано хип-хоп темпо,[10] во тоналитет од E-дур.[10]
Табели и сертификации
[уреди | уреди извор]
|
Годишни табели[уреди | уреди извор]
Сертификации[уреди | уреди извор]
|
Претходник „Long Distance“ од Бренди |
Список на број-еден синглови на Билборд Хот Денс Клуб Песни во САД 28 март 2009 – 4 април 2009 |
Наследник „The Fear“ од Лили Ален |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Shaheem Reid (2010-08-06). „From Ludacris To Lil Wayne, Bangladesh Remembers His Best Beats“. MTV News. MTV Networks (Viacom). Архивирано од изворникот на 2010-09-12. Посетено на 2010-12-10.
- ↑ „Rap-Up TV: Bangladesh Reinvents Kelly Rowland And R. Kelly“. Rap Up. Devin Lazerine. 2010-07-12. Архивирано од изворникот на 2012-10-16. Посетено на 2010-12-10.
- ↑ „New Music: Ciara - "Diva" (Bbeyonce Cover)“. Rap Up. Devin Lazerine. 2008-12-27. Посетено на 2010-12-10.
- ↑ „Beyoncé's 'I Am…' Second Singles Revealed“. Rap Up. Devin Lazerine. 2008-10-20. Посетено на 2010-12-09.
- ↑ „R&R :: Going For Adds :: Urban“. Radio & Records. 2009-05-19. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ Top 40 – Week Of: January 20, 2009 Архивирано на 29 април 2012 г. Radio and Records. Retrieved 2010-12-09.
- ↑ Rhythmic – Week Of: January 20, 2009 Архивирано на 23 март 2009 г. Radio and Records. Retrieved 2010-12-09.
- ↑ „New Musice: Beyoncé – 'Ego'“. Rap-Up. Devin Lazerine. 2008-11-09. Посетено на 2010-12-09.
- ↑ „Halo (Single)“. Amazon.com. Amazon Inc. 2010-08-27. Посетено на 2010-08-23. Text "Amazon Germany" ignored (help)
- ↑ 10,0 10,1 „Diva digital sheet music (Digital Download)“. MusicNotes.com. Hal Leonard Corporation. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ 11,0 11,1 11,2 "Australian-charts.com – Beyoncé – Diva". ARIA Топ 50 Синглови. Hung Medien. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Hung Medien“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „The ARIA Report“ (PDF) (933). Australian Recording Industry Association. Pandora Archive. 2009-03-09. Посетено на 2010-08-25. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ "Chart Track". Irish Singles Chart. GfK.
- ↑ "Chart Stats – Beyonce – Diva" UK Singles Chart. Chart Stats.
- ↑ "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard Хот 100 for Beyonce. Prometheus Global Media.
- ↑ "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard R&B/Hip-Hop Songs for Beyonce. Prometheus Global Media.
- ↑ "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard Hot Dance/Club Play for Beyonce. Prometheus Global Media.
- ↑ "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard Pop Songs for Beyonce. Prometheus Global Media.
- ↑ „The ARIA Report“ (PDF). Australian Recording Industry Association. Pandora Archive. Посетено на 2010-07-17.
- ↑ „Top 100 Music Hits, Top 100 Music Charts, Top 100 Songs & The Hot 100“. Billboard. Prometheus Global Media. 2009-12-31. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ „Top Hip-Hop and R&B Songs & Singles Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. 2009-12-31. Архивирано од изворникот на 2009-12-20. Посетено на 2010-07-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Radio Songs“. Billboard. Prometheus Global Media. 2009-12-31. Архивирано од изворникот на 2010-01-06. Посетено на 2010-07-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Club Music, Hot Dance Songs, Club Songs, Dance Club Music Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. Архивирано од изворникот на 2012-07-20. Посетено на 2010-07-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Beyonce - Diva certifications“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на 2012-07-17. Посетено на 2010-12-10.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на Бијонсе Ноулс Архивирано на 5 јануари 2009 г.
|