Љубомир Весов
Љубомир Весов | ||
Роден | 30 август 1892 Велес, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 5 ноември 1922 Острилци, Крушевско, Македонија |
Љубомир Весов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во 1892 година во градот Велес. Татко му Илија Весов, кој е активен деец на егзархиската општина во градот, умира рано. Љубомир Весов завршува средно образование во Софија. Уште како ученик се вклучува во редовите на ВМОРО и неколку години е четник во Македонија. Во Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение во четата на Иван Попов, Христо Силјанов и зборната партизанска чета на МОО. Награден е со сребрен медал [1]. Се однесувал благородно кон локалното турско население [2].
На 20 март 1915 година Љубомир Весов учествува во Валандовската акција. Заедно со војводите Ване Стојанов, Петар Овчаров, Петар Чаулев и Панајот Карамфилович и со вкупно 1000 четници ги напаѓаат српските сили кај Валандово, Пирава и Удово. Убиени се 470 српски војници и 7 офицери, а Валандово е заземено, по што четите се повлекуваат кон Бугарија.
По вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна е бил командант на чета во бугарската армија, а по истерувањето на српските сили од Македонија е командант на градот Крушево.
По завршувањето на војната завршува високото образование - право на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" и се одава на револуционерна дејност. Во март 1920 година Весов е еден од основачите и водачите на Македонското студентско друштво "Вардар".
На 5 ноември 1922 година, опкружен од српска полиција во село Острилци, Крушовско, се самоубива. Погребан е во Крушево. Смртта на Љубомир Весов одекнува сред ВМРО и македонските бегалци во Бугарија како голем удар врз национално-ослободителното движење.
Во 1928 година во Петрич постои фудбалски тим нсо името на Љубомир Весов.
Творештво
[уреди | уреди извор]Од 1913 година Љубомир Весов почнува да објавува свои песни — љубовни, пејзажи и патриотски. Во меѓувреме, прави и преводи на бројни руски поети. Во 1923 година творбите му се собрани и посмртно е издадена стихозбирката "Песни".
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 127.
- ↑ Силянов, Христо. От Витоша до Грамос. Походът на една чета през Освободителната война - 1912 г., София 1984, с. 542
|