Прејди на содржината

Никола Георгиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Георгиев
Роден 1880
Радовиш
Починал 20 јуни 1932
Петрич, Бугарија
Гробот на Тодор Александров, напред во средината Никола Георгиев (1), Георги Вандев (2) и Илија Хаџитошев (3).

Никола Георгиев (1880 - 1932) познат и под псевдонимот Велко, бил македонски учител и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографиja

[уреди | уреди извор]

Георгиев е роден во 1880 година во Радовиш, Османлиското Царство, денес Македонија. Во 1902 година завршува Солунска машка гимназија во Солун.

Потоа, работи како учител во родниот град Радовиш и е избран за член на околискиот револуционерен комитет. После тоа Георгиев завршува право и работи како адвокат во Радовиш и Петрич, а потоа станува градоначалник на двете места.

Осуден е од српските власти на смрт после Првата светска војна. Во 1925 година Никола Георгиев е избран за секретар на Струмичкиот окружен револуционерен комитет. Кон 1930 година е член на Македонското благотворително братство „Христо Матов“ во Петрич.[1]

Умира на 20 јуни 1932 година во Петрич.[2]

  1. Албумъ-алманахъ "Македония". Софија, 1931.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. Софија, 2001, стр. 31.