Прејди на содржината

Димитар Ганчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Ганчев
Роден 21 март 1875
Русе, Бугарија
Починал 17 октомври 1912
Бунархисар, Турција

Димитар Ганчев бил револуционер, анархист, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот таен револуционерен комитет и Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ганчев е роден во 1875 година во Русе. По завршувањето на гимназија во Скопје учи природни науки во Женевскиот универзитет, Швајцарија. Во 1897 година станува член на член на т.н. Женевска група - анархистички револуционерен кружок, на чело со Михаил Герџиков и Петар Манџуков.

Во 1901 година, со помош на неговиот пријател Гоце Делчев, Ганчев успева да биде назначен за учител во егзархиското педагошко училиште во Скопје.

Во Скопје, Ганчев станува член на ВМОРО и во 1902 година е избран за член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. Делегат е од округот на Солунскиот конгрес во почетокот на 1903 година, на кој се донесува одлука за кревање на востание. Ганчев е против востание во тој момент, но на крајот ја потпишува одлуката за востание.

За време на Илинденското востание е во Скопје. Во почетокот на септември е уапсен и е осуден на 101 години затвор, но е ослободен во 1904 година по издејстваната амнестија од страна на бугарската влада. Екстрадиран е во Бугарија, Ганчев станува учител во Разград.

По избувнувањето на Првата балканска војна, Ганчеве доброволец во бугарската армија и загинува на 17 октомври 1912 година во борбите при Бунархисар [1][2].

  1. Биография на сайта на ВМРО[мртва врска]
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 29.