Петар Христов - Германчето
Петар Христов | ||
Роден | 1867 година село Герман (Леринско), Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 28 февруари 1907 крај Дробитишта (село) |
Петар Христов - Германчето[1] (1867, Герман - 28 февруари 1907, Дробитишта) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација [2].
Животопис
[уреди | уреди извор]Петар Дамов Христов, познат и како Петре Дамовски, е роден во село Герман 1867 година, Егејска Македонија. Во 1899 година влегол во ТМОРО и станал селски војвода. Во 1901 година турските власти го уапсиле и осудиле на 6 години робија, но во 1903 година бил амнестиран. Учествувал во Илинденското востание како војвода. По Востанието заминал за САД и оттаму се вратил во 1905 година. Повторно формирал чета и како нејзин војвода дејствувал против Турците и андартите во преспанско, особено Наколец. На 28 февруари 1907 година бил опколен од турскиот аскер кај селото Дробитишта. За да не им падне жив во рацете, Петар Христов се самоубил. Неговиот син Герман Дамовски ја продолжил традицијата во борбата за ослободување на Македонија како раководител на НОФ.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Четата на Патар Христов.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 91
- ↑ Кратка биография на Петар Христов