Спиро Килиманов
Спиро Килиманов | ||
Роден | непознато Штип, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1908 Штип, Македонија |
Спиро Килиманов, Келемано или Келеманов — македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Спиро Килиманов е роден во градот Штип, тогаш во Отоманското Царство. Се занимавал со кондураџиство, но е многу зависен од алкохол. Со поддршка на Гоце Делчев се откажува од алкохолот и се приклучува во ВМОРО. Като подвижен и брзоодец извршувал курирски обврски ии ја разнесувал организациската коресподенција. Во април 1896 година, по апсењето на Дончо Штипјанчето, го известува Гоце Делчев, го стигнал во Виничко на пат за Бугарија. По Виничката афера, Спиро Келеманов заминува во Ќустендил, по што за кратко се враќа во Штип и убива турските потисници во градот. Подоцна дејствува како терорист на организацијата во Солунско [1].
Бил уапсен и затворен. Заболел од туберкулоза, поради што е амнестира. Умира малку по Младотурската револуција во 1908 година. Веројатно Владо Черноземски го избирал својот псевдоним Петар Келеман по името на Спиро Килиманов [2].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Петров, Тодор. Нелегалната армия на ВМОРО в Македония и Одринско (1899-1908), Военно издателство, София, 2002 г., стр. 17.
- ↑ „Архив на Александър I Караджорджевич, Исторически архив Ниш“. Архивирано од изворникот на 2013-11-10. Посетено на 2012-03-03.